„Финансиската поддршка се доделува во висина од 100 отсто од вредноста за инвестициски вложувања за набавка на механизација и опрема во шумарството и заштита од природни непогоди но не повеќе од 48.000.000 денари со вклучен ДДВ“, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Со финансиските средства, како што велат е предвидена набавка на: Специјална опрема за гасење на шумски пожари – пумпи; Градежни машини – Булдожери; Дизел – компресор комплет за потребите при изградба на патишта и Трактор со витло.
„Оваа директна инвестиција има за цел модернизација на ЈП „Национални шуми” во делот на заштитата на шумите и ефикасното справување со природните непогоди“, посочуваат под МЗШВ.






