Со тоа, како што информираат од Министерството за правда, нашата држава е една од првите кои пристапија кон протоколот со што јасно ја искажа својата определба активно да придонесува и учествува во заедничката борба против криминалот кој не познава граници.
Протоколот овозможува директна електронска комуникација преку обезбедени канали, што ќе ја забрза и поедностави меѓусебната меѓународна соработка, а се овозможуваат и видеоконференции кои ќе ги елиминираат трошоците за патувања и ќе ги намалат одложувањата во постапките. Протоколот содржи и механизми, за ефикасна постапка.






