„Испратени се два дописи до Собранието. Едниот е на 31 декември 2025 година, а другиот на 20 јануари. Oчекуваме Собранието да одговори на нашиот допис со кој бараме да се номинираат по двајца претставници на парламентарните партии и независните пратеници, по што ќе формираме работна група која ќе пристапи кон подготовка на Изборниот законик“, посочи Филков.
Изборниот законик, нагласи, е законско решение кое од моментот на неговото донесување, заклучно со овие избори има претрпено околу 40-на измени кои заради нивниот парцијален пристап создаваат неконзистентност на целиот закон.
„За негово носење потребен е политички консензус од сите партии“, додаде Филков.






