сабота, 28 март 2026

Филков предлага ревидирање на Бадентеровото мнозинство, за ДУИ ваквите идеи се опасни

Можеби е дојдено време да се ревидира Бадентеровото мнозинство. Македонија мора да оди напред, смета министерот за правда Игор Филков, пред гласањето во Собранието за изборните измени и од гласањето во ДИК околу бројот на општинските советници, што ги кочи ДУИ. Токму ДУИ се јави со реакции на оваа изјава на министерот Филков: „ваквите идеи од политички сили и политичари кои мислат дека мултиетничките држави не се функционални, се опасни“.

Објавено на

часот

Сподели

Филков во интервју за неделникот „Фокус“, направено пред гласањето во Собранието во саботата, кога не беа изгласани измените во Изборниот законик поради немање Бадентер, а објавено денеска, меѓу другото рече дека се надева оти Собранието ќе ја заврши домашната работа и нема да дозволи правен вакуум.

„Но, ако тоа не се случи, значи дека употребата на Бадентеровото мнозинство се злоупотребува. Ако е така, тогаш можеби е дојдено време да се размисли за потребата тоа да се ревидира бидејќи Македонија мора да оди напред“, рече Филков, но не одговори во која насока би одело можното менување на Бадентеровото мнозинство.

Измените во Изборниот законик не се донесоа поради ставот на ДУИ чии пратеници беа против, а со тоа не можеше да се исполни Бадентеровото мнозинство при гласањето.

Потпретседателот на Демократкста унија за интеграција Арбр Адеми денеска изјави дека за жал, сѐ повеќе им се дава простор на политички сили и на политичари кои имаат опасни идеи и кои мислат дека мултиетничките држави не се функционални, а кои се поборници на чисто етнички држави.

„Такви идеи и идеолози се опасни, бидејќи со тоа се заоструваат меѓуетничките односи, па се до нарушување. Ние сме сведоци, уште од почеток сме кажале дека оваа Влада има агенда систематски да го нападне Охридскиот мировен договор. А тоа се покажа и докажа со конкретни дела – со укинување на балансер, со непочитување на правична застапеност и покрај тоа што се уставна вредност согласно амандман 6 од Уставот, со непочитување на албанскиот јазик и Законот за албанскиот јазик, со укинување на статусот на правно лице на Инспекторатот за примена на Законот за јазиците, со поднесување на иницијатива за укинување на Законот за албански јазик од страна на ВМРО-ДПМНЕ и други субјекти и секојдневно се соочуваме со истата ситуација. Повторуваме вакви идеи од политички сили и политичари се преопасни не само за Република Северна Македонија, туку за целиот регион кои мислат погрешно дека мултиетничките држави не функционираат“, рече Адеми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ