понеделник, 8 декември 2025

Филков: Не е добро кој било именуван функционер, па ниту обвинителот да ја игнорира волјата на граѓаните

Не мислам дека е добро кој било именуван функционер да ја игнорира волјата на граѓаните изразена преку нивните претставници во законодавниот дом, порачува министерот за правда Игор Филков.

Објавено на

часот

Сподели

Тој во интервју за Пресс24.мк вели интерпелацијата за јавниот обвинител Љупчо Коцевски е силен показател за тоа во кој правец би требало да се движат работите.

„Не мислам дека е добро кој било именуван функционер да ја игнорира волјата на граѓаните изразена преку нивните претставници во законодавниот дом. Наш приоритет е враќањето на довербата во правосудниот систем и зачувување на неговата независност и интегритет. Како Влада, сме цврсто решени да не дозволиме Обвинителството да биде перципирано, а уште помалку да функционира како инструмент на која било политичка партија. Обвинителството мора да биде независно, професионално и ослободено од какви било притисоци, без разлика од каде доаѓаат“, наведува Филков во интервјуто.

Според него, неодговорени останаа голем број случаи, особено оние што се однесуваат на висока корупција, што уште повеќе ја поттикнува перцепцијата дека правдата се применува селективно. Тоа, нагласува Филков, директно го нарушува кредибилитетот на обвинителството.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ