понеделник, 8 декември 2025

Филков: Граѓаните бараат навремени судски одлуки и обвиненија темелени на факти

Граѓаните денес бараат правосудство што е ефикасно, непристрасно и достапно. Бараат судски одлуки што доаѓаат на време, обвиненија што се темелат на факти и докази, а не на претпоставки, институции што работат за јавниот интерес, а не за поединци. Како Министерство за правда, сме целосно посветени на остварување на овие очекувања, изјави денеска министерот за правда Игор Филков во своето обраќање пред присутните на одбележувањето на 90-тата средба на правниците, организирана од Македонското здружение на правници.

Објавено на

часот

Сподели

Обраќајќи се пред присутните правни експерти, професори, судии, обвинители, адвокати и млади правници, министерот Филков истакна дека оваа традиција претставува мост меѓу правната наука и практиката, меѓу различните правни професии и генерации кои веруваат во моќта на правото како темел на демократијата и општествениот поредок.

,,Граѓаните денес бараат правосудство што е ефикасно, непристрасно и достапно. Бараат судски одлуки што доаѓаат на време, обвиненија што се темелат на факти и докази, а не на претпоставки, институции што работат за јавниот интерес, а не за поединци. Како Министерство за правда, сме целосно посветени на остварување на овие очекувања. Затоа ги започнавме реформите во судството, во Судскиот совет, во Советот на јавните обвинители и Јавното обвинителство. Во континуитет ги усогласуваме законите со европските стандарди и препораките на Венецијанската комисија – за што добивме позитивни коментари од истата, со препораките на ГРЕКО и Европската комисија. Тоа е сеопфатен процес што би сакале да се воспостави како пракса отсега па натаму. Но, реформите не се само закони – реформите се луѓе.  Законот може да биде одличен, но ако нема интегритет, знаење и одговорност кај оние што го применуваат – тој останува само буква на хартија”, рече министерот Филков.

Министерот Филков  ја истакна и важноста на вклучувањето на младите правници, кои не се само „иднината“, туку „сегашноста што доаѓа“.

„Наша должност е да им дадеме знаење, алатки и пример за чесност, професионализам и служба на правдата,“ додаде министерот, повикувајќи на  отворена дискусија за новите предизвици што ги носи дигиталната ера – од заштитата на човековите права до примена на вештачката интелигенција во правосудството“, потенцираше Филков.

Во најновиот Извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2025 година е забележано дека Македонија генерално нема напредок во судството односно е помеѓу одредено и умерено ниво на подготовка во примената на законодавството на ЕУ и европските стандарди во областа на судство и фундаментални права.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ