понеделник, 8 декември 2025

Филипче за случајот АНБ: Наместо лов на вештерки, темелна истрага и декласификација

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес одговори на прашањето во врска со наводите за следење на премиерот и други функционери, нагласувајќи дека јавноста заслужува одговори и транспарентност.

Објавено на

часот

Сподели

„Дозволете да коментирам на линија на секој мој коментар кога станува збор за таква работа. Прво очекувам да има објективно прикажување на работите, фактите да се знаат во јавноста. Доколку е потребно да има истрага и да биде задоволена правдата. Ние во изминатиот период видовме многу најавени скандали, бомбастично од одредени портали, од партиската говорница на ВМРО-ДПМНЕ коишто немаа никаква разрешница.  Да ве потсветам имаше најава некаква за поткуп на премиерот, понатаму дека бил следен со дронови, понатаму дека ќе има дестабилизација и еве сега некакво следење. Денеска има изјава и од поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност, и тој самиот вели, еве, барем нека се декласифицираат информацијата, па да видиме каква е вистината. За да нема лов на вештерки, лов на вештерки, лов во матно мислам дека граѓаните јавноста го заслужуваат тоа“, рече Филипче.

СДСМ повикува институциите да постапат одговорно и да ги обелоденат сите релевантни информации, за да не се злоупотребува безбедносниот систем во политички цели и дневни пресметки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ