недела, 1 февруари 2026

Филипче: Во време на СДСМ имаше постојан раст на платите

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, вели дека во периодот кога СДСМ ја водеше Владата постоеше јасен, континуиран и системски раст на платите, за разлика од сегашната влада на ВМРО-ДПМНЕ која го прекина тој процес и го стопираше растот на платите.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Ние повеќе од 100 отсто ја зголемивме минималната плата, минималната плата да потсетам беше 150 евра. Значи имаше континуиран процес на раст. Оваа влада го запре растот на минималната плата на 400 евра. И тоа е факт. Се гледа дека нашите политики не се лицемерни, туку се конзистентни“, рече Филипче во интервју за Радио Слободна Европа.

Воедно, Филипче потсети дека СДСМ и по заминувањето во опозиција продолжи да се залага за раст на платите преку поднесување на законски решенија за зголемување на минималната плата, и тој континуитет за грижа за работниците продолжува и сега со повторно поднесување на предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата од 600 евра.

„Во 2024 година поднесовме исто така закон, да се зголеми минималната плата, која што оваа власт го одби. Ај да видиме сега што ќе прават со законот којшто го поднесовме во Собранието. Легитимни се барањата на работниците, луѓето не може крај со крај да врзат“, рече Филипче.

Тој додаде дека сегашните приходи на граѓаните не се доволни за покривање на ниту на основните животни трошоци.

„Ниту две, ниту три плати не се доволни за покривање на минималната синдикална кошничка. Третина оди за храна, пијалок, струјата поскапе, сметките секаде ги поскапуваат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Неколкукратно има  раст на комуналните трошоци. Каде се другите трошоци за образование на деца? Тоа се реални потреби на работниците. Не може оваа влада да затвора очи и туку така да ги игнорира, додека премиерот кажува колку ќе се трошело струја во регионот во следните сто години“, рече Филипче.

Во интервјуто Филипче посочи дека јасна е разликата помеѓу политиките на СДСМ за достоинствен живот на граѓаните и лицемерниот и игнорантски однос на владата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во контекст на овие актуелни случувања со протестите на Сојузот на синдикати, ВМРО-ДПМНЕ исто така ги поддржуваше кога беше во опозиција.Зошто кога беа во опозиција ги поддржуваа тие протести, и за зголемување на платите, иако тогаш имаше континуирано зголемување на платите, бидејќи нашата влада тоа го правеше. Сега кога имаат механизми и можност тоа да го направат, тоа не го прават. Тоа значи дека нивните политики се лицемерни,нашите се конзистентни“, нагласи Филипче.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ