петок, 23 мај 2025

Филипче во изјава за Телма нема златна виза за Дубаи, а за Политиканти има

Само неколку дена откако Венко Филипче изјави дека нема златна виза за Дубаи, истиот тој признава дека има. И не само што има, туку „преговарал со болница“, а сега тоа било „ставено на стенд бај“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче во поткастот Политиканти призна дека има златна визa за Дубаи. „Златната виза не е поврзана со никаква форма на инвестиции. Пред да се кандидирам за претседател на СДСМ и претходно за пратеник бев во преговори за работа со една болница во Дубаи и добро напредуваа преговорите. Меѓутоа откако станав претседател на партијата тие преговори останаа на стенд-бај, тоа е и причината зошто имам виза за Дубаи“, изјави Филипче за Политиканти.

Кон крајот на април, за ТВ Телма лидерот на опозицијата даде поинаква изјава во врска со интересот на јавноста за неговата и наводната златна виза за Дубаи на неговиот претходник на партиската функција Зоран Заев.

„Немам виза која е поврзана со инвестиции, немам виза која е поврзана со недвижнини, немам илјадници евра, немам сметки. Немам виза која е поврзана со милиони, авиони, камиони. Едноставно имам само виза која што ми овозможува да патувам“, одговори тогаш на прашање на ТВ Телма.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека граѓаните имаат право да прашаат како се добива златна виза за преговори, зошто визата ја криел, зошто нема ниту еден доказ за постоење на каква било приватна болница поврзана со него…

„Во кое својство преговарал – како министер, пратеник, партиски функционер или приватен бизнисмен? Доколку визата не е заради инвестиции, тогаш за што е? И што точно е ставено на ‘стенд бај’ – некоја болница или нечија совест? Ова е уште еден доказ дека раководството на СДС се обидува да ги лаже граѓаните, да прикрие бизниси и да бега од одговорност. Додека Филипче ‘преговарал’ по Дубаи, Македонија тонеше во здравствен хаос, а народот се бореше со маски, страв и недостиг од лекови.

Време е СДС и нивните лажни реформатори да одговараат – пред законот и пред народот. Македонија е премногу долго заложник на нивните манипулации и договори под маса“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ