недела, 13 јули 2025

Филипче во Атина е исто што и Заев во Атина и Софија заедно, вели премиерот, СДСМ му врати дека ВМРО-ДПМНЕ одбележува четири години лага

Не можеме да дозволиме да не кодошат во странство оние кои треба да бидат чувари на националните интереси и да не мислат дека ветувањата за отстапки, деградации и понижувања ќе ги донесат повторно на власт. Народот е свесен и нема да дозволи повторно да биде измамен. Она што Филипче го направи во Атина само не потсети дека кодошењето на сопствената земја не е туѓо и не смее да се заборави, за да не се повтори, рече Мицкоски пред присутните во Хераклеа. Од СДСМ преку соопштение вратија дека ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележува четири години лага.

Објавено на

часот

Сподели

Чествувањето се одржува во Хераклеа од каде Мицкоски порача дека лидерот на СДСМ по принципот на неговиот ментор, не може повеќе да ја измами јавноста со празни ветувања и политики на понижување.

Според Мицкоски, Македонија веќе нема да биде земја на понижување и предавство. Нејзината надворешна политика е достоинствена, принципиелна и базирана на заштита на нашата заедничка историја, култура и идентитет. Не можеме да дозволиме, нагласи, да не кодошат во странство оние кои треба да бидат чувари на националните интереси и да не мислат дека ветувањата за отстапки, деградации и понижувања ќе ги донесат повторно на власт. Народот е свесен и нема да дозволи повторно да биде измамен.

„Не можеме да молчиме пред однесувањата на лидерот на опозицијата, пред неспособноста и предавствата кои со зачуденост јасно ги гледаме. Народот веќе ја знае вистината. Ние сме сведоци на тоа дека македонската жица на овие политичари свири само кога ќе се објави тендер или лична корист. Ова се нови времиња, кога народот има очи да гледа и памет да не биде излажан. Ние нема да дозволиме да се повтори истата приказна. Ќе ги држиме на одговорност сите кои ќе се обидат да ја злоупотребат довербата на граѓаните. Секој ќе одговара пред законот“, подвлече Мицкоски.

Оваа борба, напомена, не е за политички поени.

„Ова е борба за нашите деца, за нивната иднина, за достоинствен живот во сопствената татковина“, нагласи Мицкоски во обраќањето.

Од СДСМ преку соопштение вратија дека ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележува четири години лага.

Единствено што може да каже ВМРО-ДПМНЕ од прославата на нивниот роденден од археолошкиот локалитет „Хераклеја“ во Битола е да промовираат нов концепт на презентација на лагите, велат од СДСМ.

„По четири години локална власт и цела година централна власт, се што може ВМРО-ДПМНЕ е да каже е содржано во нивниот нов слоган „Најдоброто допрва доаѓа“. Прашањето е, што чекаа до сега? Дали досега крадеа и ги полнеа своите џебови, а сега пак нудат нова лага за наводни проекти кои „Допрва ќе дојдат“? По четири години апсолутна власт во локалната самоуправа, ВМРО-ДПМНЕ нема проект со кој. може да се пофали. Дури и археолошкиот локалитет „Хераклеја“ во Битола е целосно запустен, оставен на забот на времето. Освен она што СДСМ го направи нема ништо направено, ниту во однос на патот до „Хераклеја“, со години не е исчистено околу објектот, се распаѓаат содржините кој треба да се магнет за туристите. ВМРО-ДПМНЕ е само група на манипулатори на кои секоја незавршена работа ја оправдуваат со тоа ‘допрва доаѓа доброто’, иако ништо не ги спречило да направат добро да биде и сега“, велат од СДСМ.

Оттаму нагласуваат дека Мицкоски ја направил Македонија понижена, наместо горда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ