недела, 5 април 2026

Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска изјави дека Владата на Христијан Мицкоски ја загрозила егзистенцијата на земјоделците, посочувајќи дека ситуацијата во земјоделскиот сектор е алармантна.

Објавено на

часот

Сподели

За време на денешната посета на село Криволак во Повардарието, Филипче разговараше со земјоделци, лозари и производители на житарици, нагласувајќи дека растот на цените на нафтата и недоволната грижа на власта создаваат сериозни проблеми за егзистенцијата на земјоделските семејства.

„Во оваа временска ситуација кога растат цените на нафтата, земјоделците се соочуваат со сериозни предизвици. Прво, по прашање на нивната егзистенција, како земјоделци и семејствате кои што преку земјоделството ги издржуваат. И второ, мора да знаеме дека може да се соочиме со сериозен недостаток поради сета оваа криза и негрижата на власта за овој сектор и недостаток на производство на одредени земјоделски култури, посебно житарици, што значи дека во следниот период може да се соочуваме со дополнителен раст на цената на лебот до крајот на годината“, истакна Филипче.

Според него, никој не води грижа за наводнувањето, каналите не се исчистени, никој не води грижа за откупните центри кои што ги уценуваат со ниски цени земјоделците, а потоа тоа им е услов да добијат некакви субвенции.

„Ниска цена на субвенција, ниска откупна цена на килограм произведено грозје. Сега нема никаква најава дека црните грозја, од сортите на црните грозја, ќе се откупуваа“, рече Филипче.

Тој посочи дека сериозен аларм треба да биде и ниската субвенција и неисплатена за сточарите, високата производна цена поради висока цена на работната рака, водата, ѓубрињата.

„Ако згора ги ставиме дека ги нема дополнителните пари преку ИПАРД програмата, поради тоа што од власта Европа ги фати како тие пари ги крадат, брутално, од џебот на земјоделецот. Ние во следниот период, имајќи предвид нивните барања ќе предложиме неколку предлог закони, како што тоа го направивме лани, што за жал власта го одбија тоа беше зголемена откупна цена по килограм грозје“, рече Филипче.

Искрено, како што нагласи, се надева иако не веруваа „ дека од оваа власт ќе наидеме на разбирање и дека ќе се обезбеди некаква помош за земјоделците“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ