четврток, 19 март 2026

Филипче: Владата да ги прифати нашите мерки за намалување на цените на горивата

Владата итно да ги прифати мерките на СДСМ за намалување на цените, со што ќе се олеснат трошоците за граѓаните и ќе им се помогне да ја надминат оваа криза, изјави денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Објавено на

часот

Сподели

„Апелираме, ќе ги поднесеме денеска во текот на денот нашите предлог-закони за да се намали акцизата на горивата, ДДВ-то на основите прехранбени производи и да се преполоват патарините. Апелираме на оваа ненародна корумпирана власт овие закони да ги прифати за да им се излезе во пресрет на потребите, реалните потреби на граѓаните“, потенцираше Филипче.
Тој ја обвини Владата дека не презема никакви соодветни мерки и додека граѓаните се соочуваат со растот на трошоците, зголемени цели, а не можат ниту да ги платат високите сметки, премиерот е зафатен со прослава.
„Премиерот не е загрижен, тој е на самит на ЕПП два дена. Нормално, на трошок на граѓаните, кога тука растат цените не само на горивата, туку и на сите прехранбени продукти од часот во час. Ќе расте цената и на струјата и на сè друго, единствено што не растат платите. Наместо да се свикаат итни владини седници, до сега, наместо тоа сега се прави, за да се донесат мерки што ќе им помогнат на граѓаните да ја надминат оваа криза, владиниот тим се шета во Брисел на прослави. И кога граѓаните утре нема да можат да ги платат ниту надуените сметки за струја, кога нема да можат да обезбедат ниту една, ниту пола потрошувачка кошничка, како што и сега не можат, треба да се сетат дека човекот што е сега премиер беше зафатен со тоа што беше на прослава 50 години на ЕПП“, потенцираше Филипче.

Тој упати директно прашање до премиерот Мицкоски за тоа кој ќе понесе одговорност ако државата остане надвор од Европската Унија. Филипче посочи  дека граѓаните јасно ја изразуваат својата европска определба, додека власта со своите политики го кочи евроинтегративниот процес.

„Граѓаните јасно кажуваат во сите испитувања на јавните мислења, над 70% сакаат да станеме земја членка на ЕУ. Колку не чини ова што сега не се отвораат преговорите со ЕУ. Пресметал ли некој во Владата колкава сума на пари ќе стигнат тука кога ќе се отворат пристапните фондови, во сите сектори согласно отворањето на поглавјата. Колку финансиски средства во огромен процент и како грантови ќе стигнат до нашите граѓани, каков што бенефит видоа граѓаните на сите земји членки кои што пристапија во Европска Унија“, рече Филипче.

Тој додаде дека власта не ја спроведува реформската агенда и наместо да ги исполни обврските за напредок кон ЕУ, власта свесно создава поделби и тензии за да го задржи политичкиот рејтинг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ