„Сите гледаме, после една и пол година централна власт и повеќе од четири години централна власт ВМРО-ДПМНЕ и повеќе од четири години нивна локална власт, дека се неспособни да донесат промени и да работат за и во интерес на граѓаните. Се грижат само за себе, за својата удобност и исклучиво за своите членови. Дали ова е гордата Македонија што ни ја ветија“, истакна Филипче.
Тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ ветиле правда, но донеле неправди, нагласувајќи нефункционалност на институциите, ниски плати, раст на цените и застој во економијата и правосудните реформи.
„Ветија реформи, но не започнаа ниту една. Победија со лажен патриотизам и празни програми од кои ништо не остана“, додаде Филипче.
Тој посочи дека нема реконструирани локални патишта, нема систем за отпад, и дека депонијата во Стругово секојдневно ги труе граѓаните. Тутунарите се соочуваат со ниски откупни цени, младите ја напуштаат општината, здравството е во колапс, а културното наследство како Спомен-паркот на Даме Груев во Смилево е занемарено.
„Ветија реформи, а не започнаа ниту една. Победија со лажен патриотизам, со празни програми од кои не остана ништо. Нема реконструирани локални патишта, нема систем за отпад, депонијата во Стругово секојдневно ги труе граѓаните. Тутунарите се соочуваат со ниски откупни цени, младите ја напуштаат општината, здравството е во колапс, а културното наследство како Спомен-паркот на Даме Груев во Смилево е оставено да пропаѓа. Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Најдовски и ниту еден реализиран проект“, истакна Филипче во Демир Хисар.
СДСМ и коалицијата ја започнаа со граѓанска трибина во под слоганот „Се бориме за нашиот дом“ кој воедно е слоган за борба за поголема грижата, солидарност, правда, слободата и еднаквост и подобар живот за сите граѓани.

„Време е за промени, доста беше уништувањето од ВМРО-ДПМНЕ 4 години. Време е Демир Хисар да добие чесно, отчетно и одговорно раководење“, истакна на граѓанската трибина на СДСМ и коалицијата, кандидатот за градоначалник на општина Демир Хисар Златко Кузмановски.
Тој порача дека актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните, ветуваше многу, а реализираше нула.
„Граѓаните од секое населено место знаат и гледаат за неговото неработење, а разочараноста е и повеќе од видлива. Но, најтрагично е што младите во 4-годишното владеење воопшто не беа приоритет. Младите не смееме да ги гледаме само како бројка. Младите не смееме да ги гледаме само како иднина. Тие се нашата сегашност. Без млади, нема општина, нема иднина, нема ниту развој. Затоа нашата визија е јасна: младите да ја гледаат својата иднина тука, дома, а не во други држави“, истакна Кузмановски.
Тој најави конкретни мерки за младите, изградба на младински центар, поддршка за младинското претприемништво, субвенции за млади бизниси, можности за практиканство и работа.
„Секој запишан ученик во СОУ ‘Крсте Петков Мисирков’ ќе добива по 3.000 денари месечно, а секој најдобар ученик од основните училишта и средното училиште ќе биде награден. Ќе обезбедиме ослободување од партиципација за градинка за децата кои доаѓаат од семејства од социјален ризик“, истакна Златко Кузмановски, додавајќи дека ќе биде обезбедена поддршка и за жените, кои мора да знаат дека општината е нивен сојузник и поддршка.
Посебен акцент стави и на културата и историјата, најави дека ќе биде уреден спомен-паркот на Даме Груев во Смилево, како и сите локални патишта кои водат до него, за да се зачува историската меморија и да се поттикне локалниот туризам.






