петок, 5 декември 2025

Филипче тврди дека до крајот годината ќе има 30 отсто помалку вработени во ТИРЗ зоните

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешната прес-конференција денеска на прес-конференција рече дека добива информации за се поголем број отпуштања на вработени од зоните со странски инвестиции, со што сериозо се загрозува егзистенцијата на илјадници семејства. Филипче ги критикуваше економските политики на Владата.

Објавено на

часот

Сподели

„Владата на премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не само што не успеа да донесе нови странски инвестиции како што најавуваа, за жал се затвораат и тие кои што со години работеа тука кај нас. Веќе слушнавме дека две големи компании кои со години работеа во индустриските зони најавуваат ставање клуч на погоните во земјава. Компанијата Аптив, која од 2016 година работи тука со 500 вработени, и Дура аутомотив систем која требаше да реализира тоа што веќе претходно го најави – нова инвестиција, но за жал сега не се случи. Значи нема проширување, нема места, оваа компанија најави стопирање на инвестицијата“, рече Филипче.

Како што кажа Филипче, со овој негативен тренд односно од досегашните отпуштања и оние кои се во најава до крајот на годината, за околу 30 отсто ќе биде намален бројот на вработени во зоните со странски инвестиции.

„Ова е огромна бројка и огромна загуба на работни места. Ако на ова се додаде и тоа дека десетици компании од сферата на текстилната индустрија наши домашни компании се затвораат изминатите месеци, стигнуваме со бројка на илјадници луѓе, семејство на кои што им е загрозена егзистенцијата, кои се соочуваат со неизвесност“, рече Филипче.

Тој додаде дека секоја одговорна влада кога има ваков проблем мора да најде решение или барем предлог решенија за решавање на ваквите предизвици, но ВМРО-ДПМНЕ тоа не го прави и никако не го адресира, рече Филипче.

Со власта на премиерот Христијан Мицкоски, според него, државата доживува драматичен економски пад што, како што вели, „се гледа и во колапсот на странските инвестиции“.

„Откако премиерот заврши со сликање со нашите инвестиции, со китење со туѓи перја, сега дојде реалноста за неговата неспособност, имаме трипати помалку донесени странски инвестиции. Наместо стабилност, развој и економски раст, гледаме застој, пад и целосна незаинтересираност од страна на Владата“, рече Филипче.

На прес-конференцијата, лидерот на опозициската партија зборуваше и за парите за ИПАРД.

„Досега има склучени 453 договори во вредност од 35 милиони евра, од кои се исплатени само десет. Во моментов, над 180 инвестиции вредни над 25 милиони евра се директно погодени и уште 30 милиони евра од овие проекти се стопирани“, рече Филипче. Овој случај го потврдува тоа на што посочувавме дека оваа власт е длабоко корумпирана. Ова оди на штета на земјоделците за кои има и ниски откупни цени и субвенции и тие се под постојан притисок и корупција“, рече Филипче.

Според него, власта не бара решенија на овие проблеми туку се занимава само со СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ