вторник, 23 декември 2025

Филипче: Струјата поскапе, а не се користат РЕК Битола, Осломеј и ТЕЦ Неготино

Претседателот на Социјалдемокрасткиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во денешната изјава за медиуми во Собранието, посочи дека причината за зголемување на цената на струјата е катастрофалното менаџирање на енергетскиот систем во земјата од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, сe наведува во соопштението од СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Ништо не е постигнато од проекциите и задачите коишто оваа влада си ги дала сама на себе. Треба да се произведат над 5.000 гигават часови струја, не се произведени ниту половина, како половина од хидроенергетскиот потенцијал изминатата година да не работел, ете толку струја недостасува во нашиот енергетски систем. Таа струја е замената со увозна скапа електрична енергија. Наместо да се произведува и наместо РЕК Битола, Осломеј, ТЕЦ Неготино да работат и да произведуваат струја, којашто државата ќе ја чини 80-90 евра мегават час, ние купуваме струја за 140 евра мегават часови“, рече Филипче.

Тој додаде дека паралелно не е обезбедена доволна количина на реагенси во изминатата година.

„Се постава прашањето, зашто не се планирало добро? Зошто сега се посегнува по државните резерви за мазут, коишто не се ниту примарен материјал којшто се користи за производство на струја? Зашто добро не се менаџира овој систем? Зашто 110 милиони евра е задолжена државната компанија ЕСМ? Тука лежат причините за катастрофалното менаџирање на целокупниот овој систем. И сега ние сме соочени со увозна и многу скапа струја, која знаеме дека во зимскиот период уште повеќе поскапува, и сето тоа ќе го плаќаат за жал, граѓаните“, изјави Филипче.

Во изјавата, Филипче најави дека СДСМ ќе излезе со конкретни предлози, решенија, за да им се помогне на граѓаните со ваквите ценовни шокови.

„Не очекувам дека ова власт ќе ги подржи, исто како што не ги подржа ни законските решенија за намалувањето на ДДВ, кога беше во фокусот на јавноста цената на потрошувачката кошничка, понатаму минималната плата, субвенциите за компаниите во случај на раст на минималната плата. Сметам дека немаат слух за решенија, коишто им се и тоа како потребни на граѓаните да ја пребродат оваа финансиска криза, што ја има секое семејство, која за жал во последните месеци уште повеќе ќе се влошува“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ