четврток, 12 јуни 2025

Филипче: Славески како гувернер ќе следи партиски директиви

Tрајко Славески, како гувернер на Народната банка, нема да биде независен и нема да води вистинска и балансирана монетарна политика. Ова е оценката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за одлуката на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, Славески да го предложи за гувернер.

Објавено на

часот

Сподели

Со ваквиот предлог, според Филипче, ВМРО-ДПМНЕ докажува дека при одлучувањето и водењето на државата нема интерес да им служи на граѓаните, туку на сопствените теснопартиски интереси.

„Со предлогот Трајко Славески да биде гувернер на Народната банка, и последната институција која ја водеше експерт ќе биде партизирана“, вели Филипче.

Според него, ваквиот избор ќе ја доведе во ризик целата макроекономска политика, бидејќи, како што истакна, Славески нема да води монетарна политика каква што ѝ е потребна на државата, туку ќе ги следи партиските директиви.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, попладнево е со членовите и граѓаните на Желино, Брвеница и Гостивар.

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ тргна по еден пат кој што не знаеме каде не води, со економски политики кои, како што предупредуваат експертите, не водат во амбис“, истакна Филипче во Желино.
Тој укажа на лошите владини политики во делот на финансиите, потенцирајќи дека новото задолжување од 6 милијарди евра, за кое Владата ги крие деталите, е ризично и драстично ќе го зголеми јавниот долг.
„Не знаеме какви се роковите, колку се каматите, дали се споредил тој кредит и тој извор на средства со некој друг, дали навистина Владата избрала најповолен извор на средства. Зошто шест милијарди евра и толку драстично да се зголеми јавниот долг? Јавниот долг ќе надмине 100% и тогаш нема да имаме фискален простор буквално за ништо“, рече Филипче.
Тој додаде дека со новото планирано задолжување, практично се задолжуваат сите следни генерации.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ