А вистината не е таква, Договорот за Фронтекс, кој што е потпишан, меѓу другото, и на македонски јазик, благодарение на нашите политики, е „браната“, додаде Филипче.
„Договорот за Фронтекс, на чист македонски јазик во Европската Унија – без фусноти и без ѕвездички, е наша заслуга. Тоа е ‘браната’ за мигрантите. Значи, повторно еден систем европски – од којшто нашата влада нè држи на страна“, потенцираше Филипче.
Претседателот Филипче додаде дека власта со своите политики ја уназадува државата, а дека ВМРО-ДПМНЕ продолжи таму каде што застана Никола Груевски.
„Ситуацијата во државата никој не треба да ја објаснува – многу добро гледаме секој ден како владее ВМРО-ДПМНЕ. Продолжија таму каде што запре Никола Груевски. Сè е исто,“ истакна Филипче.