четврток, 29 јануари 2026

Филипче: СДСМ со законски измени ќе бара зголемување на минималната плата, но власта го има последниот збор

Социјалдемократскиот сојуз подготвува законски измени со кои ќе бара зголемување на минималната плата на 600 евра и замрзнување на функционерските плати. Лидерот на партијата Венко Филипче се надева дека сега законот ќе биде поддржан од власта, за разлика од 2024 година кога беше одбиен нивниот предлог-закон за зголемување на минималната плата.

Објавено на

часот

Сподели

„Наше е да предложиме, власта е таа што го има последниот збор. Имаат две третини мнозинство во Собранието. Треба да се даде поддршка, народот навистина има потреба од таква поддршка“, рече Филипче на денешната прес-конференција.

Со ваквиот предлог, како што посочи, одржуваат континуитет во нивните политики од времето кога СДСМ беше на власт и кога минималната и просечната плата растеле во континуитет, дури и во ситуација на многу тешки кризи. Според него, со одговорна и вистинска политика може да се најдат пари за овие барања и не држат изговорите на власта дека нема пари.

„Ако ние можевме во време на криза, на компаниите и на граѓаните финансиски да им обезбедиме поддршка кога над две милијарди евра отидоа како директна помош и се заштитија десетици илјади компании и граѓани кога цел свет беше затворен, тоа значи дека со домаќинска и одговорна политика пари може да се најдат. Владата треба да води сметка за вистинските приоритети на граѓаните и да најде пари, а не да бара изговори дека нема пари“, рече Филипче.

Додаде дека се отворени за соработка за предлог-законот и го повикаа Сојузот на синдикатите, доколку да направи увид во текстот на законот и доколку има предлози и сугестии да бидат вметнати во него.

Во однос на обвинувањата од власта дека вчерашниот протест на ССМ бил политички мотивиран, Филипче уште еднаш повтори дека ниту го иницирале, ниту учествувале во организацијата на овој протест.

„Власта мора да сфати дека тоа се реални автентични барања на народот и не треба да ги затвора очите пред тоа“, рече Филипче.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ