сабота, 10 јануари 2026

Филипче: СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат за градоначалник на Гостивар

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците, се посочува во соопштението од СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му даеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.

Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.

Претседателот Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (пржинска) влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ