вторник, 9 декември 2025
Локални избори 2025

Филипче: СДСМ има 6 градоначалници, наскоро – конгрес на партијата

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче се обрати на прес-конференција од партијата, во време кога се пребројуваат гласовите од вториот изборен круг на локалните избори. Тој рече дека во вториот круг неговата партија освоила нови три градоначалнички места, а најави и конгрес на партијата, во кој ќе се дискутираат политиките за наредниот период.

Објавено на

часот

Сподели

„Покрај освоените 3 градоначалнички места во првиот круг, имаме уште три во вториот круг. Тоа се Центар, Македонска Каменица и Зрновци. Досега 6 градоначалници, очекуваме конечни резултати во уште неколку општини, каде разликата е многу мал број на гласови.

Во изминатите две недели се вршеше огромен притисок на сите кандидати на СДСМ во овие 17 општини каде што влеговме во вториот круг. Не се бираа ниту средства, не се бираа ниту методи и тоа само говори дека се соочуваме повторно со истата деструктивна власт на ВМРО ДПМНЕ, како во минатото каде што ги злоупотребува сите институции што им се под контрола.

Согласно изборниот резултат на советничките листи и бројот на гласови, СДСМ е втора партија во земјата и прва во опозицискиот блок. Ова е секако поттик да продолжиме силно да се бориме против оваа власт, која никогаш веќе нема да има таква поддршка каква што имаше на изборите минатата година.

Овие избори се јасен патоказ за СДСМ, секако и за мене како претседател на партијата. Јасно е какви промени треба да се направат во партијата, политички и кадровски, како што веќе најавив. Веќе во наредните денови тоа ќе се случува. Ќе има седници на централниот, на извршниот одбор на партијата, на кои ќе ги оценам резултатите и промените. Секако планираме организирање и конгрес, каде ќе се дискутираат политиките за следниот период“, изјави Филипче по вториот круг од локалните избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ