петок, 2 јануари 2026
Локални избори 2025

Филипче: СДСМ е продолжение на идеалите врз кои е изградена современата македонска држава

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Венко Филипче на граѓанската трибина во Кичево посочи дека СДСМ е продолжение на идеалите врз кои е изградена современата македонска држава, информира СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„СДСМ е продолжение на најсветлата традиција на Македонија борбата за слобода, рамноправност и достоинство. Нашите корени се во АСНОМ, во генерациите што ја поставија темелната вредност, државата да биде дом за сите,“ истакна Филипче.

Тој нагласи дека токму сега е време за повторно обединување и консолидација, додавајќи дека борбата на СДСМ е за држава која е заеднички дом, а не приватна сопственост.

„Се бориме за држава што не е ничија приватна сопственост, туку заеднички дом со правила што важат за сите.“

Филипче ја нагласи и суштинската разлика во однос на ВМРО-ДПМНЕ и порача дека „Македонија не се брани со навреди и кавги, со лажни повици за национално обединување, а подземни игри за поделба и дека патриотизмот и достоинството не се злоупотребуваат за политички рејтинг.“

„Достоинството почитувани присутни се брани со силни институции, со сериозен план и со луѓе што искрено мислат добро и на државата и на идните генерации. Се брани со паметна, цврста позиција и со резултати дома: со држава што функционира, со реформирани институции што градат доверба и со економски политики што на прво место ги ставаат граѓанине и нивните проблеми,“ рече лидерот на СДСМ, Филипче, на граѓанската трибина во Кичево.

„Македонија не се брани со навреди и кавги, со лажни повици за национално обединување, а подземни игри за поделба. Патриотизмот и достоинството не се злоупотребуваат за политички рејтинг,“ порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, од вечерашната трибината во општина Кичево.

Тој истакна дека достоинството на граѓаните и на државата се брани единствено со силни институции и сериозен план, а не со празни зборови.

„Достоинството се брани со луѓе што искрено мислат добро и на државата и на идните генерации. Се брани со паметна, цврста позиција и со резултати дома: со држава што функционира, со реформирани институции што градат доверба и со економски политики што на прво место го ставаат граѓанинот и неговите проблеми,“ рече  Филипче.

Тој потсети дека СДСМ отсекогаш била повеќе од политичка партија велејќи дека „таа е движење за слобода, правда и еднаквост”.

„Без вас нема СДСМ, а без СДСМ нема иднина за правдата, за еднаквоста, за грижата за секој човек. Без вас едноставно нема слобода,“ порача Филипче пред кичевчани на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ