вторник, 3 март 2026

Филипче: Руте испрати јасна порака за Русија, Владата не може да се крие

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, при денешната посета на државата упати јасни пораки до македонската Влада, во кои посочи дека Русија е агресор во Украина и прави сојуз со Кина и со Северна Кореја и нагласи дека порака до владата е директна, изјави денеска претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и пратеник, д-р Венко Филипче.

Објавено на

часот

Сподели

„Генералниот секретар Руте имаше одличен говор. Сметам дека упати јасни пораки до Владата. Посочи дека Русија е агресор во Украина и дека прави сојуз со Кина и со Северна Кореја“, рече Филипче.

Филипче нагласи дека пораката до Владата е директна и дека актуелната власт повеќе не може да ги прикрива своите политики.

„Пораката кон Владата е јасна. Позициите се веќе познати и оваа Влада повеќе ништо не може да сокрие. Имаме вицепремиер кој отворено негува врски со Русија, вицепремиерот Стоиљковиќ. Вториот човек во Владата се среќава со „Ноќните волци“, кои се во директна комуникација со рускиот претседател Владимир Путин. Тука се и кинеските пари што пристигнаа преку заемот од Унгарија од една милијарда евра, средства за кои во извештаите на европските институции беше констатирано дека станува збор за кинеско финансирање“, рече Филипче.

Тој додаде дека НАТО сериозно ги следи политиките што ги води владата.

„Сметам дека ова е сериозен сигнал дека нашиот одбранбен чадор внимателно ги следи политиките што ги води актуелната Влада и јасно и отворено укажува на нив“, посочи Филипче.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ