„Станува збор за потврдување на нашите црвени линии, потврдување на нашата заедничка позиција со национален консензус, за првпат. Значи не станува збор за уривање, туку за зајакнување. Ајде еднаш да сите 120 пратеници заедно, како што тоа го прават сите држави, вклучувајќи ја и Бугарија, каде што сите пратеници имаат заеднички декларации во бугарското собрание за нивните национални интереси – ајде тоа да го направиме ние. Да, конечно јасно и сите да потпишеме што е тоа што е наше национален интерес, кои се нашите црвени илини и дека за тоа едноставно не преговараме“, рече Филипче.
Тој истакна дека токму тоа стои во предлог-резолуцијата со која точно е утврдено дека за јазикот, идентитетот, културата, историјата ниту една влада повеќе нема да преговара.
Но повика за тоа да се зборува по изборите, со цел овој период фокусот да биде ставен на локалните кампањи и презентација на програмите.






