„Честитки за добро организиран изборен процес. Им честитам на сите градоначалници кои победија. Од досега пристигнатите резултати, водиме во три општини – Крива Паланка, Кривогаштани и Богданци, а водиме уште во девет општини. Дополнително, во уште неколку општини сме на второ место. Ги повикувам граѓаните да излезат на гласање и во вториот круг. Овој резултат, мислам, не е тој што го посакувавме, но резултатот не е лош. Во добар дел од општините имаме зголемување на поддршката, ако споредуваме со минатата година. Според бројот на општини во кои победивме и според оние во кои влегуваме во втор круг, јасно кажав дека резултатот не е така лош“, изјави Филипче.
Тој вели дека планира и натаму да работи на консолидација на партијата.
„Ова е еден почеток,“ изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција по првиот изборен круг од локалните избори.






