четврток, 22 јануари 2026

Филипче не се повлекува од претседателска позиција во СДСМ, партијата ПОЕН се приклучува на социјалдемократите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска порача дека нема намера да се повлече од функцијата, бидејќи, како што истакна, неговата главна цел е да продолжи да се бори за „заздравување на општеството, искоренување на корупцијата и враќање на државата на европскиот пат“.

Објавено на

часот

Сподели

На прес-конференција, Филипче нагласи дека тековните критики кон него и кон партијата доаѓаат од, како што рече, „поединци кои се уценети или купени“, додавајќи дека вистинските членови на СДСМ и поддржувачите ги препознаваат тие обиди да се ослабне опозицијата.

„Јас верувам во ова што го правам. Човек сум што работи прецизно и добро пресметав пред да се нафатам на ова. Сакам ова општество да заздрави, да биде исчистено од корупција, да се направат реформите и да влеземе во Европската Унија. Тоа е мојата стратешка цел“, изјави Филипче.

Тој додаде дека опозициската борба ќе продолжи интензивно, потенцирајќи дека земјата, според него, е „економски пред бездна“ и дека актуелната влада ја води државата кон изолација.

Филипче истакна дека СДСМ останува целосно обединета партија, со „синхронизирана и компактна“ пратеничка група, а дека процесот на внатрешна консолидација во општинските организации е во тек.

„Мојата работа се темели на чесни намери и верувам дека ако граѓаните ја дадат довербата на следните избори, можеме да ја водиме државата како вистинска европска демократија, без корупција“, додаде тој.

Воедно, Филипче најави дека политичката партија ПОЕН на Рубин Земон ќе се приклучи кон СДСМ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ