„Сметам дека е апсолутно недозволиво премиерот да се однесува како независен аналитичар и да ги коментира само состојбите во правосудството, кога тој е директно одговорен за спроведување на реформите. Досега не се спроведени ниту една од предвидените реформи, преку носење на реформски закони во правосудството согласно Планот за раст“, рече Филипче.
Во изјавата Филипче укажа дека од предвидените во Собранието не е поднесен ниту еден.
„За оваа година беа предвидени 12 закони од коишто седум требаше да се донесат до јуни 2025 година. Во Собранието не е поднесен ниту еден, и дополнителни пет кои од јуни до декември 2025 година требаше да се донесат согласно Планот за раст – нешто за што е врзан одреден буџет од ЕУ, којшто секако веќе еден дел сме изгубиле. Од тие пет закони од Министерството за правда не е донесен ниту еден“, вели претседателот на СДСМ.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ има огромно мнозинство во Собранието, 58 пратеници ВМРО-ДПМНЕ скоро двотретинско мнозинство со владејачката коалиција, поради што нема ниту една причина за тоа што сега се случува со неспроведување на реформите во правосудниот систем, рече Филипче.






