среда, 11 февруари 2026

Филипче не дозволува платени внатрепартиски роварења и поделби во СДСМ

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3, порача дека консолидацијата и внатрепартиското единство се клучни предуслови за зајакнување на СДСМ и за успешна борба против оваа власт. Тој нагласи дека нема да дозволи внатрепартиски поделби платени од ВМРО-ДПМНЕ, соопшти вечерва СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Има некои луѓе коишто се амбицираат како некоја групација, меѓутоа не сакаат да дојдат и да разговараат, не сакаат да ги соочат аргументите, затоа што аргументи немаат. Затоа што се платени од ВМРО-ДПМНЕ на коишто проектот ЗНАМ веќе им пропадна, и не може да сметаат повеќе на тоа“, рече Филипче.

Филипче додаде дека, со оглед на падот на поддршката кај ВМРО, единствениот начин што го користат е да предизвикуваат поделби во СДСМ, но дека тој нема да дозволи нови поделби и внатрешно роварење.

„Имајќи предвид дека ја губат поддршката од граѓаните, сè што може да направат е дополнително нас да не делат. Јас нема да го дозволам тоа внатрепартиско роварење, делење, заради нечии интереси коишто да знаете ако не се сте ја знаеле позадината тој проект е повторно, како проектот ЗНАМ, платен од ВМРО-ДПМНЕ, платен заради тоа што тој е единствениот начин тие да останат на власт“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ упати порака и до оние кои се обидуваа да не успее Конгресот на СДСМ.

„Жалам што имаше другари, кои се обидуваа и конгресот да не успее. Пуштаа пораки на делегатите, им кажуваа да не доаѓаат. Сакам јасно и гласно да им кажам да им биде последно. На крај памет, не да направат нешто, да помислат нешто, да направат против партијата од која добиле сè. Не станува збор за мене. Ние не можеме да работиме еден против друг, против СДСМ. Кој и да работи против, работи против партијата. Со тоа, во оваа ситуација и против државата“, рече Филипче.

Државата е заглавена, нема да има пари во буџетот, нема прогрес во однос на европскиот пат, ова е старото ВМРО од времето на Никола Груевски, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

„Знаеме со каква власт имаме работа. Државата е заглавена, нема да има пари во буџетот, нема да има никаков прогрес во однос на европскиот пат, ова е старото ВМРО-ДПМНЕ од времето на Никола Гуревски. Целосна партизација, контрола на медиумите, злоуотреба на службите, ништо ново“, рече Филипче.

Притоа, Филипче додаде дека граѓаните ги препознаваат лошите политики на владата, разочарани се од власта затоа што знаат дека нема иднина.

„Луѓето тоа го препознаа, сега кажуваат тотално сме разочарани од власта, не гледаме дека ќе се подобрат. Затоа мора да работиме за да ја вратиме целосно довербата во СДСМ. Дали можеме? Можеме. Затоа што се осеќа дека енергијата е променета, не се само партиските членови и симпатизерите, луѓето сфатија дека нема иднина со оваа власт“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва во Штип.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ