Во рамки на конгресот, како што информира СДСМ, Филипче ќе има средба со актуелниот вицеканцелар на Германија и сојузен министер за финансии, Ларс Клингбајл, кој воедно е и копретседател на СПД, а ќе оставари билатерални средби и со европски политичари и функционери.
„На конгресот, на кој, меѓу другото, ќе се избира и новото раководство на СПД, ќе присуствуваат истакнати актуелни германски политичари и функционери, како и претседатели на социјалдемократски партии од Европа. Поканата за присуство на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на овој конгрес е израз на заедничката заложба за европска иднина, социјална правда и регионална соработка, засновани на вредностите на социјалдемократијата – еднаквост, солидарност и демократија“, велат од СДСМ.