среда, 23 јули 2025

Филипче: Мицкоски е виновен што на Македонија повторно ѝ се оспорува идентитетот и јазикот

Доколку македонскиот јазик биде тргнат од Извештајот на ЕУ виновен ќе биде само Христијан Мицкоски кој ја отвори дебатата за македонскиот јазик во Европскиот парламент за прашање кое беше затворено, изјави синоќа Венко Филипче, претседателот на СДСМ на трибината „Мугра на слободата“ во Крушево.

Објавено на

часот

Сподели

„Сите победи на СДСМ,  ВМРО-ДПМНЕ за една година ги претвори во пораз. Последниот пораз најмногу боли. Очигледно македонскиот јазик ќе биде тргнат од извештајот на ЕУ. Заради теснополитички интереси Мицкоски одново ја отвори дебатата за македонскиот јазик во Европскиот парламент, прашање кое беше затворено, а јазикот дефиниран како единствен македонски јазик на македонскиот народ. Мицкоски не може да го впери прстот кон никого за поразот кој Македонија одново го доживува во Брисел. Токму тој и неговиот пријател Андреј Ковачев со кого заеднички работат на блокирање на европската перспектива на македонските граѓани се виновни за оваа состојба“, рече Филипче.
Тој потсети дека СДСМ е таа која ја извојува победата во Брисел со потпишување на договорот за ФРОНТЕКС на чист, единствен и признаен македонски јазик без никакви придавки, фусноти и ѕвездички.
„Тоа беше јасна победа за Македонија и граѓаните која Мицкоски никогаш не ја призна во опозиција. Тој беше разочаран заради тоа, молчеше и не се радуваше, сега е јасно зошто. Во услови кога нема со ништо што да се пофали за една година власт, Мицкоски реши победата да ја претвори во пораз поради негови лични интереси и поради потреба за политичка кампања. За жал, ваквото врховистичко однесување на Мицкоски, потпомогнат од Андреј Ковачев и пратениците на ЕПП во Европскиот Парламент сега е анулирана, а на Македонија повторно ѝ се оспорува идентитетот и јазикот“, заклучи Филипче.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ