недела, 29 март 2026

Филипче исвиркан од семејствата на загинатите во пожарот во Кочани (ВИДЕО)

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче излезе пред семејствата на загинатите во пожарот во Кочани. Таму на почетокот кога се појави беше исвиркан и запрашан што се случило со двете решенја за забрана на работата на Пулс, кои биле издадени од МВР кога СДСМ била на власт. Насобраните луѓе извикуваа „убијци“ и „уа“. Филипче беше во придружба на пратеници на СДСМ.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

На денешниот протестен марш организиран од родителите на настраданите во трагедијата во Кочани, кој се одржа пред Собранието на Македонија, беше упатен јасен повик до народните избраници да излезат пред нив и да ги поддржат во нивната борба за правда.

На овој повик одговорија пратениците на СДСМ, предводени од претседателот на партијата и пратеник, Венко Филипче. Откако се смирија страстите и емоциите, Филипче и пратениците на СДСМ застанаа зад родителите, изразувајќи солидарност и поддршка.

Во своето кратко обраќање, Филипче истакна дека пратениците на СДСМ, како луѓе и како претставници на граѓаните, стојат зад семејствата настраданите, без никакви политички калкулации и без партизација на трагедијата и болката на семејствата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ