„Мора прво да се присетиме и да оддадеме признание на сите жртви коишто со својата крв, со својата жртва се вградија во темелите на нашата модерна држава. Тие ја започнаа борбата за, од една сиромашна, полуфеудална и неразвиена земја ние сега денеска да живееме во модерна и развиена држава.
Меѓутоа мора да признаеме дека нашата мирновременска борба не е завршена, дека мораме уште многу напорно да работиме, конечно да станеме дел од Европа каде што припаѓаме, и цивилизациски, и културно, и географски.
Сите заедно мора да работиме и да ги оставиме настрана и поделбите и квалификациите на патриоти и предавници, затоа што вистински патриотизам е само унапредување на нашата држава“, изјави Филипче.






