петок, 23 мај 2025

Филателистичкиот проект во чест на македонските народни херои заврши на Денот на победата над фашизмот

Сојузот на филателистите на Македонија официјално го заврши повеќегодишниот филателистичко-историски проект „Народните херои од народноослободителната борба 1941–1945 од Македонија“, симболично на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот.

Објавено на

часот

Сподели

Целта на проектот, реализиран со поддршка од Сојузот на борците на Македонија, е да се сочува сеќавањето на 66-те народни херои од Македонија и да се пренесе нивното дело на идните генерации преку филателистички материјал со историска и културна вредност.

Проектот започна во 2021 година со издавање на серија од седум спомен-пликови со стилизирани ликови на херои. Изданијата, кои вклучуваат и разгледници, се изработени во ограничен тираж и се проследени со пригоден поштенски печат и јубилејна марка – често со мотиви од родното место на херојот. Автор на уметничките решенија од 2022 година е познатиот македонски дизајнер Зоран Кардула.

Во изминатите четири години беа одржани повеќе промоции на овие изданија во родните места на хероите, а комплетната колекција е изготвена според меѓународни филателистички стандарди и ќе биде претставена во специјална спомен-брошура.

Оваа година, одбележувањето на 80-годишнината од победата над фашизмот се совпадна со 75-годишнината од основањето на Сојузот на филателистите на Македонија. По тој повод, изготвено е и ново јубилејно лого на Сојузот, а Македонската пошта ќе изработи посебен пригоден печат.

Македонските филателисти повеќе од седум децении ја претставуваат државата на балкански, европски и светски изложби, при што се здобиле со бројни награди и признанија, истовремено придонесувајќи за зачувување и промоција на македонското културно и историско наследство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ