„Ваквите временски услови се добредојдени за изведување работи на поле и ќе им овозможат на земјоделците и натаму да вршат резидба на виновата лоза и овошките, отстранување на старите, слаби, неразвиени и болни изданоци (гранчиња), подготовка на површините во пластеничкото производство и евентуално прихранување на есенските посеви“, наведуваат агрометеоролозите од УХМР.
УХМР информира дека следните денови ќе се задржи релативно топло време, а локални врнежи од дожд ќе има од недела. Во петок и за време на викендот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се движи вод -5 до 8 степени, а максималната од 10 до 18 степени.






