петок, 5 декември 2025

Фетаи по повод Денот на албанската азбука: Владата работи на заштита и промоција на албанскиот јазик

Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, во своето обраќање на свечената академија по повод Денот на албанската азбука, организирана од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје и од Владата на Македонија, го нагласил, како што информираат од неговиот кабинет, историското значење на Конгресот во Битола во 1908 година и неговата одлучувачка улога во унифицирањето на албанската азбука, како една од главните столбови на албанскиот национален идентитет.

Објавено на

часот

Сподели

Фетаи, како што информираат од неговиот Кабинет, го подвлекол придонесот на преродбениците и истакнатата личност на Мид’хат Фрашери, како и значењето на печатницата „Башкими и Комбит“ во развојот на албанските изданија.

Тој, исто така, ја пофалил посветеноста на колекционерот и истражувачот Нико Котерија и на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, кои ја отворија изложбата „Конгресот и печатницата“ како омаж на албанското културно наследство.

На крајот, тој ја потврдил посветеноста на Владата за заштита, негување и промоција на албанскиот јазик, култура и идентитет, сметајќи ја, се вели во соопштението, оваа задача за национална и граѓанска одговорност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ