четврток, 12 јуни 2025

Фетаи: Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило

Јас сум тука, покрај секој од вас што не го прифаќа понижувањето на нашата надеж. Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило. Ние сме гласот на патот на Арбр, а тој пат никогаш не минува преку Али Ахмети. Тоа го порача денеска Арбен Фетаи, вицепремиер за политики на добро владеење од крилото на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари кој претходно се повлече од владината коалиција.

Објавено на

часот

Сподели

„Драги пријатели, симпатизери и вие, непокорливи членови на Алијансата за Албанците.Овие денови примив стотици смс, повици и пораки од вас – од нашата база, од нашето членство и од нашите гласачи. Затоа, денес чувствувам обврска да ви се обратам со оваа порака. Ние не сме само поддржувачи на една партија. Ние сме чувари на една кауза. На еден идеал што никогаш не бил продаден и никогаш не се има наведнат. Вие, што ја изградивте оваа Алијанса со труд, со посветеност, дури и кога сè беше против нас.Вие, што бевте прогонувани и дискриминирани поради вашите политички убедувања и не се предадовте повеќе од 20 години. Вие, што никогаш не дозволивте Алијансата да стане алатка за лични интереси.И што го заштитивте патот на Арбр како аманет. Денес, заедно, се наоѓаме на историска раскрсница. Пред една година, донесовме храбра одлука – да го предводиме долгоочекуваната, но никако задоцнет променa. Денес, речиси една година подоцна, имаме истата храброст. Иста визија. Но денес, не можеме да живееме во минатото. Мора да ја изградиме иднината – со истрајност, со достоинство. Членството зборува. Гласачите зборуваат. Гласно, јасно, со барање за правда и за чист пат.И денес ви велам, со целосна увереност: Јас сум тука, покрај секој од вас што не го прифаќа понижувањето на нашата надеж. Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило. Тие мора да се соочат со вистините што ги избегнуваа две децении по ред. Тука не станува збор за поединец. Тука станува збор за нашето заедничко достоинство.Мојот глас е вашиот глас. Гласот на Алијансата што не се предава. Што не се продава. Што не се плаши.Ние сме гласот на патот на Арбр. А тој пат никогаш не минува преку Али Ахмети, ниту преку некој што не им го посакува доброто на Албанците.Ви благодарам на сите. И останете горди“, наведува Фетаи во обраќање до членството и симпатизерите на членовите на АА што го пренесе преку соопштение неговиот Кабинет.

Претходо денеска Салим Сулејмани поднесе оставка од сите функции во Алијансата за Албанците, како и од функцијата пратеник во Собранието, повикувајќи се на морална, професионална и политичка одговорност. Со неговата оставка коалицијата Вреди добива нов пратеник.

Во јавна изјава Сулејмани го критикуваше доближувањето до ДУИ и го оцени како „недостоен компромис“.

Првиот вицепремиер и еден од лидерите во коалицијата Вреди Изет Меџити, пак, завчера изјави дека четворица пратеници од Европскиот фронт ќе му се приклучат на парламентарното мнозинство.

Тој потврди и дека сите ресори во Владата што ги водеше крилото на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари ќе останат на Вреди.

Според него, мнозинството од АА не се согласува со заминувањето на Таравари од Владата.

Посочи дека е во комуникација со вицепремиерот  Арбен Фетаи и оти се надева да остане во Владата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ