„Како Влада на Република Северна Македонија, ја третираме борбата против корупцијата како трајна државна политика, заснована на мерливи резултати, а не на празни ветувања. Нашите граѓани заслужуваат транспарентни институции, враќање на украденото богатство и дигитални системи кои го прават коруптивното однесување невозможно“, вели Фетаи.
За да се одбележи овој ден и да се унапреди регионалната соработка, утре, на 10 декември 2025 година, во хотелот Дабл три бај Хилтон, (DoubleTree by Hilton) во Скопје ќе се одржи Регионалниот форум „Од политика до влијание: Унапредување на интегритетот и институционалните реформи на Западен Балкан“.
Форумот, организиран од Владата на Македонија во партнерство со Шведска, Швајцарија, Европската Унија и УНОПС, ќе ги собере министрите за правда, раководители на антикорупциски институции, претставници на граѓанското општество, медиумите и меѓународните организации од целиот Западен Балкан.
Форумот се очекува да донесе нови заложби, продлабочена координација меѓу земјите од регионот и напредни пристапи во борбата против корупцијата, вклучително и користење на технологија и вештачка интелигенција.
Целосните детали ќе бидат објавени во официјалната комуникација за време на одржувањето на Форумот.






