Батерискиот систем не е обична батерија, ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.
Зошто е важно да се работи со искусен парнер?
Фероинвест нуди два вида проверени батериски системи: кабинетски батерии и контејнерски батериски системи.
Овие системи со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.
Совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.
Реални, функционални примери во Македонија
За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на Фероинвест се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.
Дел од електраните на кои Фероинвест има поставено батериски систем кој веќе функционира се: Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка и Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани
Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.
Комплетна услуга – од идеја до приходи
Фероинвест нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа: изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање; проектирање на батерискиот систем; испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен; пуштање на батеријата во работа; програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите; 24/7 мониторинг на батерискиот систем; одржување на батерискиот систем; приклучување во нашата балансна група; откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија.
Порака до инвеститорите
Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата – Фероинвест има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.
За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на Фероинвест: 02/5122 809; 075 277 354
Комерцијален текст






