петок, 5 декември 2025
Институт за јавно здравје

Фекални бактерии најдени во мусаката што им се служела на над 40 затруени деца во „Димо Хаџи Димов“

Во узорираниот примерок од мусаката која се служела во прва смена во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае се најдени грам негативни бактерии од групата на Enterobacteriaceae, фекални бактерии кои исто така се пронајдени и на три чешми во училиштето, информира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Објавено на

часот

Сподели

Како што посочуваат од ИЈЗ, после денешната прес-конференција добиле нов резултат од узорцираниот примерок од мусака која се служела во прва смена во училиштето и во неа се најдени грам негативни бактерии од групата на Enterobacteriaceae, фекални бактерии кои исто така се пронајдени и на 3 чешми во училиштето.

„Бројот на земени примероци и пристигнати материјали е екстензивен, и материјали за анализа се уште пристигнуваат“, велат од ИЈЗ.

ИЈЗ во текот на денешниот ден одржа прес конференција и информираше за сите досега преземени активности од надлежните институции (АХВ, ДСЗИ, ЦЈЗ Скопје, Детска клиника) кои се во постојана комуникација и координација, како и за сите резултати од узорцираните примероци и од доставените материјали за анализа.

Во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае на 26 ноември голем број ученици се пожалија на стомачни тегоби. Надлежните институции соопштија дека од кујната на основното училиште се земени мостри од храна, вода, брисеви од површини и вработени, кои се очекува да бидат познати во текот на денешниот ден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ