четврток, 10 јули 2025

Фатих Алиу, новоизбраниот член на Советот на јавни обвинители се заколна на чесна работа

Новоизбраниот член на Советот на јавни обвинители на Македонија, Фатих Алиу, денеска во Собранието даде свечена изјава откако на 24 јуни беше изгласан на седница на законодавниот дом, на предлог на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

Објавено на

часот

Сподели

Фатих Алиу е дипломиран правник со положен правосуден испит од тетовско Горно Седларци.

Изјавата за совесно, чесно и одговорно вршење на функцијата член во Советот на јавни обвинители и почитување на Уставот и законите, Алиу ја даде пред претседателот на Собранието Африм Гаши, во присуство на претседателката на Советот, Душица Димитриеска.

Претседателот на Собранието на лани во декември објави оглас за избор на член на Советот на јавни обвинители, а Комисијата за прашања на изборите и именувањата од пријавените кандидати го предложи Алиу.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ