понеделник, 5 мај 2025

Фатен со мито од 20.000 евра директорот на болницата за Геријатрија

Директорот на специјализираната болница за Геријатрија Мухсин Арифи е приведен под сомнение дека зел мито за да хоспитализира пациент. Според првичните непотврдени сознанија сумата која требало да му биде дадена е околу 20 илјади евра. Се работи за здравствена установа каде се примаат возрасни пациенти, во најтешка здравствена состојба, листите на чекање се големи, а бројот на кревети ограничен.

Објавено на

часот

Сподели

„Во координирана акција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и МВР приведени се две лица под сомнение за кривични дела примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание. Се постапува за целосно расчистување на настанот“, велат од Обвинителството.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ