недела, 25 мај 2025

Фадил Зејнелов останува доживотно во затвор за убиството на штипјанката Емилија Пешова

Апелацискиот суд во Штип одлучи дека е неоснована жалбата на Фадил Зејнелов против пресудата со која беше осуден на казна доживотен затвор за убиството на штипјанката Емилија Пешова.

Објавено на

часот

Сподели

„По одржана јавна седница на 24 април 2025 година, Апелацискиот суд Штип донесе пресуда со која ја одби како неоснована жалбата поднесена од обвинетиот Фадил Зејнелов од Штип против пресудата на Основниот суд Штип од 12 февруари 2025 година по однос на изречената санкција, со која пресуда обвинетиот е огласен за виновен за кривично дело убиство извршено при вршење на семејно насилство над сега покојната Емилија Пешова од Штип, и за кое е осуден на казна доживотен затвор“, соопштија од Апелацискиот суд.

Согласно оваа одлука, пресудата на Основниот суд Штип е правосилна и извршна, а сторителот на кривичното дело веќе се наоѓа на издржување на казната доживотен затвор.

Зејнелов свирепо ја уби Пешева на 1 ноември 2024 година во близина на нејзиниот дом во напуштен објект на Јавното претпријатие Исар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ