среда, 7 мај 2025

Европската либералдемократска младина усвои Декларација за трагедијата во Кочани

Со 98 отсто од гласовите на присутните на Пролетниот конгрес на европската либерална младина, одржан во Загреб, е поддржана Резолуцијата за трагедијата во Кочани, поднесена од македонската Либерално-демократска младина (ЛиДеМ), соопштија од партијата.

Објавено на

часот

Сподели

Делегатите на конгресот, кој оваа година се одржа во Загреб од 4 до 6 април и е во организација на Европската либерална младина, со гласањето за резолуцијата на ЛиДеМ, упатија апел за мирни и достоинствени протести, со должна почит кон настраданите, слободни од политичко влијание и притисок, како и за транспарентна истрага иодговорност од сите засегнати страни.

ЛиДеМ во резолуцијата повикува и на подигнување на аканаречен Парк на корупција на местото каде што беше ноќниот клуб Пулс, како потсетник за цената која што ја плаќаме кога корупцијата и небрежноста излегуваат од контрола.

Либерално-демократската младина, како подносител на оваа резолуција, изразува искрено сочувство до фамилиите на жртвите и нивните најблиски и им посакува побрзо закрепнување на повредените.

Воедно, ЛиДеМ упати и искрена благодарност до либералните пријатели низ Европа, кои ја препознаа важноста на оваа резолуција и ја дадоа својата поддршка во клучните моменти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ