На настанот присуствуваше и министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, која ја истакна важноста од понатамошно унапредување на дуалното образование и негово усогласување со потребите на пазарот на труд, со цел создавање стручен и конкурентен кадар.
Како пионери во воведувањето на дуалното образование во Македонија, ЕВН Македонија континуирано придонесува кон развој на квалификувана и подготвена работна сила. Во партнерство со бизнис-заедницата и институциите, ќе продолжиме да вложуваме во образованието и развојот на младите како стратешка основа за одржлив економски раст.






