„Ова партнерство е одраз на нашата посветеност кон општеството. Инвестирањето во образованието и развојот на младите е најдобрата инвестиција за иднината“, изјави претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Волфганг Маиер.
„Партнерството со ЕВН Македонија се совпаѓа со нашата стратегија за воведување национална програма за млади од ранливи категории. Oва е само почеток на една успешна соработка која ќе придонесе кон посигурна иднина за младите поддржани од СОС детско село“, рече директорката на СОС детско село, Јулијана Накова Гапо.
„Ја искажуваме нашата искрена благодарност кон ЕВН што ја овозможи оваа соработка и се надеваме дека многу други австриски компании во иднина ќе го следат примерот за поддршка на СОС Детско село и неговата мисија во Северна Македонија.“ рече австрискиот заменик амбасадор, Матијас Хуменбергер.
Преку меморандумот се официјализира поддршката за програмите на СОС детско село, каде што се опфатени образовните интереси, како и здобивањето на потребни искуства и вештини насочени кон професионален и личен развој на младите.






