ЕУ-досието на Македонија тема на разговорите Марта Кос – Тимчо Муцунски
На маргините на состанокот на Советот за надворешни работи на Европската Унија, кој се одржува во Луксембург, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, синоќа оствари средба со комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос. На средбата се разговараше за актуелниот статус на македонското ЕУ-досие, заемната посветеност за надминување на актуелните предизвици и неопходноста од забрзување на евроинтегративниот процес.

Објавено на
часот