четврток, 26 март 2026
Потпишан колективниот договор

Етапно зголемување на платите и подобри услови за вработените во МЗШВ

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, со претставниците од синдикалните здруженија, денеска, во просториите на Министерството, го потпиша колективниот договор, со кој се предвидува раст на платите на вработените, како и доуредување на работниот статус.

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е важен чекор имајќи предвид дека неколку години немаше важечки колективен договор, што претставуваше загриженост и неизвесност, како и ограничена можност за унапредување на правата и условите за работа на вработените во ресорот“, наведуваат од МЗШВ.

Дополнително, освен значително зголемување на платите, во колективниот договор се обезбедува и заштита на правата и унапредување на работните услови за сите вработени.

Во согласност со колективниот договор, зголемувањето на платите ќе се реализира етапно во следните три години.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство нагласува дека со овој чин ја потврдува својата заложба за градење стабилен, праведен и мотивирачки работен амбиент во кој трудот на вработените соодветно ќе биде вреднуван, а нивните права заштитени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ