недела, 7 декември 2025

ЕСМ: Приведени се лица од поранешното раководство на РЕК Битола, а не од нашата компанија

Ниту еден член од тековното раководство на РЕК Битола не е приведен, ниту инволвиран во тековната постапка, се вели во реакцијата на АД ЕСМ по денешните информации за приведување сопственикот на „Марковски компани“, Борче Марковски.

Објавено на

часот

Сподели

„Приведените лица се дел од поранешното раководство на РЕК Битола, а постапката што ја водат надлежните органи се однесува на дејствија и одлуки донесени во претходниот период, пред сегашното раководство да ја преземе функцијата.

Го охрабруваме целосното расветлување на случајот и изразуваме поддршка за институциите во спроведување на законските процедури, со цел утврдување на фактичката состојба.

Aпелираме до медиумите и јавноста да се прави јасна разлика помеѓу поранешното и сегашното раководство, и да не се изнесуваат дезинформации кои можат да ја нарушат довербата во работата на АД ЕСМ“, соопшти компанијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ