петок, 19 декември 2025

ЕСМ: Ниту еден член од сегашното раководство на РЕК Битола не е приведен во акцијата на МВР

Ниту еден член од тековното раководство на РЕК Битола не е приведен, ниту инволвиран во тековната постапка, велат од ЕСМ по засега неофицијалните информации за апсење на Борче Марковски сопственикот на „Марковски Компани“, фирма која со години ги добиваше милионските тендери за ископ на јаглен во РЕК Битола.

Објавено на

часот

Сподели

Приведените лица, како што се наведува во соопштението од ЕСМ, се дел од поранешното раководство на РЕК Битола, а постапката што ја водат надлежните органи се однесува на дејствија и одлуки донесени во претходниот период, пред сегашното раководство да ја преземе функцијата.

„Го охрабруваме целосното расветлување на случајот и изразуваме поддршка за институциите во спроведување на законските процедури, со цел утврдување на фактичката состојба. Во интерес на точно информирање, апелираме до медиумите и јавноста да се прави јасна разлика помеѓу поранешното и сегашното раководство, и да не се изнесуваат дезинформации кои можат да ја нарушат довербата во работата на ЕСМ“, се нагласува во соопштението.

Дел од медиумите денеска објавија дека е уапсен Борче Марковски, сопственик на „Марковски компани ДООЕЛ“ од Битола, компанија која стана позната по своите милионски договори со РЕК Битола, најголемиот енергетски капацитет во државата.  Оваа компанија беше посочувана за една од најблиските на минатата влада.

Неофицијално, како што пишуваат дел од медиумите, Финансиската полиција го сомничи Марковски за местење тендер од околу 100 милиони денари или 1,6 милиони евра од државниот буџет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ