„Ова е редовна и планирана активност преку која се обезбедува континуитет во грижата за рибниот фонд и биодиверзитетот на паркот. Главната цел е да се подобри состојбата и разновидноста на рибниот фонд, да се поддржи природната репродукција на автохтоните видови риби и да се обезбеди одржливо управување со водните екосистеми“, соопштија од НП „Маврово“.

Порибувањето се изврши на неколку локации по течението на реката Радика со нејзините притоки и Мавровското Езеро, кои се најзначајните водени живеалишта во Националниот Парк. Активноста беше реализирана со присуство на надлежен инспектор и стручна поддршка од вработените во ЈУНП „Маврово“.







