недела, 5 април 2026

Ер-трактори и воен хеликоптер ќе тргнат да ги гаснат пожарите на Серта и кон бугарска граница

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов доцна вечерва соопшти дека рано изутрина ќе полетаат еден воен хеликоптер и ер-трактори за да ги гаснат пожарите на планината Серта и на Огражден кон бугарска граница, кои опасно се раширени.

Објавено на

часот

Сподели

„Околу 7 часот армиски хеликоптер со големо ведро ќе започне да дејствува врз пожарот на планината Серта (Конечка планина). Благодарение на денешната одлука на Владата со која се надмина повеќемесечниот проблем со пилотите на авионите, околу 10 часот ќе му се придружат и два или три ер-трактори на Дирекцјата за заштита и спасување.

Еден полициски хеликоптер околу 6.00 ќе се упати кон пожарот над Ново Село каде најпрво ќе транспортира пожарникари до непристапното место на пожарот, а потоа ќе се вклучи во гаснењето“, изјави Ангелов.

Инаку, како што веќе објави МКД.мк, пожарот над Ново Село е раширен и е на многу непристапен терен и се доближил на помалку од два километри од бугарската граница, поради што од бугарска страна со механизација се создава пристап за теренски противпожарни возила. На планината Серта пак, пожарот никако да се стави под контрола.

Со одлука на Владата, денеска е одобрено да се потпишат времени договори со двајца пензионирани пилоти со цел да може да се активираат ер-тракторите, три на располагање, кои долго време се приземјени бидејќи немаше кој да ги пилотира.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ